Must have: Чанти за секој ден во впечатлив принт

3 ноември 2017

Еден од оние модни додатоци во кои вреди да се инвестира е квалитетна чанта прилагодена на вашиот личен стилски идентитет.

Оваа есен акцентот е ставен на чантите со впечатливи текстури и принтови.

Токму затоа, нашиот избор за „must have" моден додаток со кој ќе го освежите вашиот секојдневен стил, се чантите од Parfois со впечатливи принтови, во комбинација на земјени и пастелни тонови.

Направивме комбинација од чанта со средна големина со кратка рачка и мини чанта во правоаголна форма, украсена со патенти.

Може да ги комбинирате со капути во кафени или пудрести нијанси, елегантни деловни комбинации или пак со опуштен аутфит што вклучува џинс и предимензиониран плетен џемпер.

 

Модни додатоци, чанти: Parfois (Fashion Group)

Сет: Fashionel

Објавено:
3 ноември 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
625 пати