Сезоната за чизми до глужд е во полн ек, а доколку ви е во план да го подновите плакарот со нов пар тогаш Манго ви нуди вистински избор.

Ние одбравме црни чизми до глужд изработени од еко кожа на ниска потпетица со шпицест врв.

Во комбинација со овие супер тренди чизми, совршено се вклопува и чантата за преку рамо изработена од истиот материјал, декорирана со светкави циркони.

Овој тип на модни додатоци се безвременски и флексибилни за комбинирање, па може да сметате на нив и кога носите елегантна и кога ќе се одлучите за кежуал комбинација.

Комбинација: Манго

Објавено:
4 октомври 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.701 пати