Must have: елегантни чевли во комбинација на пастелни нијанси и змиски принт

24 август 2018

Комбинацијата на пастелни бои со змиски принт, секогаш остава доем на отменост и софистициран изглед.

Оваа комбинација веќе се најавува и како една од водечките тенденции за претстојната сезона, па токму затоа денеска ви посочуваме еден совршен пар чевли од Манго, како наш избор за Must have.

Префинетиот дизајн на чевлите идеално се вклопува во комплетната слика за оваа есен, кога се во прашање тенденциите.

Со оглед на нивната функционалност и дебелата потпетица, што обезбедува удобен чекор, овој пар чевли се одличен избор за комплетирање на вашите деловни комбинации. Но, може да ги носите и во поопуштен, кежуал аутфит со џинс и маичка со натпис или кошула или пак за некоја посебна пригода со женствен миди фустан.

 

Објавено:
24 август 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
466 пати