Индивидуалноста е во деталите. Ако сакате да оставите посебен печат, посветете им внимание!

Затоа денеска одбравме интересен предлог за Must have, со кој сигурно ќе го постигнете ефектот.

Се работи за симпатичен сет на шноли од Parfois со интересен принт, во различни геометриски форми, што може да ги стилизирате во вашата коса со актуелните летни, но и со претстојните есенски аутфити.

Секако може да ги комбинирате и одделно, но во комплет даваат посебен акцент.

Одлично би се вклопиле во сафари или бохо стил, но може да ги комбинирате и со елегантен стајлинг за на работа.

Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk
Шноли: Parfois
Фризура и шминка: Елена Лука
Модел: Ванеса Гоцева
Модна агенција: Моделс Ин

 

Објавено:
30 август 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
286 пати
Тагови: 
шноли Parfois