Еден детаљ може целосно да го трансформира изгледот и да го смени впечатокот. Токму затоа секогаш низ нашите содржини го потенцираме значењето и визуелната моќ на модните додатоци.

Денешниот избор за Must have, вклучува пар обетки од Манго во неодолив, богат и шарен колорит.

Фокус во дизајнот на обетките се ресите во различни бои, подредени во полукружна форма, што сами по себе се доволно впечатливи така што не мора да ги комбинирате со друг накит во вашиот аутфит.

Може да ги имате во предвид како додатоци во кежуал, спортски стајлинг – како што тоа ние го направивме во комбинација со бела маичка со натпис, но исто толку соодветни може да ги имплементирате во свечен, елегантен изглед за некоја посебна пригода.


Стајлинг: Fashionel
Комбинација: Fashion Group (обетки – Манго)
Модел: Елена Ѓорговска (модна агенција Моделс Ин)
Шминка: Елена Лука

Објавено:
3 мај 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
843 пати