Веќе неколку сезони, стилските ранчиња се меѓу најактуелните модни додатоци што добија различни верзии со потпис на речиси сите познати модни куќи и брендови.

Нашиот избор за Must have за денеска е една супер варијанта на мини ранче од Манго, со минималистички дизајн, што овозможува лесно да се прилагоди во сечиј стајлинг.

Изработен е од комбинација на велур и еко-кожа во црна варијанта, а дополнително е украсен со суптилно сребрено синџирче.

Може да го комбинирате во црно-бели деловни аутфити, цветни бохо стајлинзи или со кежуал изглед што вклучува џинс и плетен џемпер.

Ранец: Манго (Fashion Group)

Објавено:
7 ноември 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
422 пати