Must have: Модни додатоци во жолто ја носат пролетта во нашиот плакар

4 април 2018

Ако размислувате да го проширите спектарот на бои во вашиот плакар, тогаш за оваа пролет ви препорачуваме да почнете со нијанси на жолта.

Жолтата боја ќе го освежи вашиот пролетен стил, а со оглед на тоа дека е една од најактуелните за оваа сезона, лесно ќе најдете парчиња од актуелната понуда.

Доколку преферирате често да биде присутна во вашиот аутфит, тогаш одберете модни додатоци токму во оваа боја.

Наш предлог е комбинација на женствени и елегантни високи потпетици и чанта со средна големина со кратка рачка, во иста жолта нијанса.

Соодветно ќе ги вклопите во деловни комбинации со елегантни парчиња, но со истите ќе внесете женствена нота и во вашиот урбан секојдневен стил.

Стајлинг: Fashionel.mk

Комбинација: Fashion group (Манго)

Објавено:
4 април 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
925 пати