Веќе неколку дена температурите во градот се над 30 – тиот степен, што значи дека и официјално летото пристигна.

Доколку сè уште не сте ги извадиле летните парчиња од плакарот, сега е дефинитивно време за тоа. Покрај омилените комбинации, она на што мора да му посветите внимание се модните додатоци кои се особено важни во летниот период.

Уникатните чанти се едни од нашите омилени сезонава, а денеска ви презентираме две такви од Parfois кои повикуваат на колоритна, летна забава.

Едната од нив е со класична форма, но изработена од PVC материјал кој ѝ дава кул димензија, украсена со приврзок папагал и внатрешно несесерче во крем боја.

Подеднакво интересна е и малата верзија од оваа чанта со сличен принт, но составена од транспарентен дел со паричник кој се вади и прекривки за очи со тропски принт кои се едноставно неодоливи.

Овие две чанти се совршен избор за подарок, а би биле совршени и доколку ги додадете на вашата летна колекција.

Објавено:
30 мај 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
874 пати