За комплетен стајлинг, модните додатоци имаат клучно значење.

Независно за која сезона се работи, секогаш со себе треба да имате добар пар очила за сонце, што истовремено имаат и практична и естетска функција.

Очилата за сонце со огледало ефект се секогаш актуелни, а секоја сезона доаѓаат во различни стилски варијанти соодветни на актуелните трендови.

За денешниот „Must have" одбравме очила со огледало ефект од Parfois, во комбинација на кафени и сини тонови, кои лесно може да ги комбинирате со различни парчиња од вашиот гардеробер, како во спортска така и во романтична или елегантна варијанта.

 

Очила за сонце: Parfois, Fashion Group

Стајлинг: Fashionel

Модел: Магдалена Лазовска, Модна агенција Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

 

Објавено:
1 февруари 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
394 пати