Доколку планирате пролетно освежување во гардероберот, тогаш ви препорачуваме да го разгледате изборот од новата линија пролетни чанти во Parfois.

Нашиот избор е комплет од две чанти во кафена нијанса изработени од велур. Двете се со различни димензии, декорирани се со нитни, а може да ги носите со рачка преку рамо.

Одлично се вклопуваат во актуелните тенденции што го модернизираат духот на 70-те, со пристуните бохо вибрации во секој сегмент на оваа сезона.

Може да ги комбинирате во кежуал варијанта со бела кошула и џинс или пак во романтичен аутфит со популарните фустани со флорален принт.

Објавено:
9 март 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.281 пати