Покрај парчињата со пруги во кои сме заљубени целиот наш живот, парчињата со точки дефинитивно се наоѓаат меѓу првите три!

Бидете впечатлива ова лето и одберете модни додатоци и облека со овој принт кој е супер лесен за комбинирање.

Додајте му ваш стилски печат на едноставниот црн фустан со овие сандали со панделка во предниот дел и дополнително украсете го со оваа чанта која одговара за многу пригоди.

Подеднакво добро ќе изгледаат и доколку ги комбинирате со белите лежерни фустани или комбинации во кои сме вљубени секое лето.

Носете ги за разни пригоди, прошетка со пријателките, ручек со семејството, ноќни излегувања и било каков друг повод, бидејќи се ултра лесни и неверојатно стилски.

Истите ќе ги најдете во продавниците на Манго, а дефинитивно се must have за ова лето кое се надеваме ќе дојде многу брзо!

Објавено:
22 мај 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
661 пати