Must have: Сандали што ќе посакате да ги носите цело лето!

28 април 2016

Претстојните празници се совршен период да поминете време со најблиските во семејството, но и да се посветите на она што подолго време го одложувавте.

Доколку на таа листа го имате и пролетниот шопинг, тогаш ние го имаме едното парче што задолжително мора да го набавите.

Овие совршени сандали од брендот Parfois ќе ви овозможат безброј стилски комбинации во кои ќе уживате во текот на долгото, топло лето, но ќе направат и да се издвоите од сите останати поради нивната уникатност.

Истите се супер удобни, со две дебели ремчиња во предниот дел од кои на едното се поставени стилски реси што неодоливо потсетуваат на деновите во топлата Африка.

Можете да ги комбинирате во вашите секојдневни стајлинзи, но без проблем вметнете ги и во некоја поелегантна комбинација.

Објавено:
28 април 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.098 пати