Must have: Сет прстени што ќе ја разбудат пролетта во вас

20 март 2019

Денеска и официјално е првиот ден од пролетта, па некако така сме и расположени и сакаме со вас да споделиме што е можно повеќе пролетни парчиња.

Она што прво ни доаѓа на памет е прекрасниот накит што конечно може да блесне во вистинско светло овие први топли денови.

Кога говориме за накит, прстените се дефинитивно неизбежен дел, па така овој сет од впечатливи парчиња е сè што ви треба оваа сезона.

Станува збор за сет од четири прстени кои можете да ги носите заедно или одделно на сите прсти или пак само на еден или два.

Основата на прстените е сребрена, а дополнително се украсени со камчиња во темно црвена и малку посветла нијанса.

Можете да ги носите со било која комбинација, а истите се доволен избор за да го разубават секое парче.  

Објавено:
20 март 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
672 пати