Must have: Шармантните чанти во богат колорит од Елена Лука за совршено комплетиран изглед

23 јули 2019

Тенденцијата на богат летен колорит нашиот моден бренд Елена Лука идеално ја имплементираше во дизајнот на својата ексклузивна колекција чанти, што од неодамна се достапни во продажба во ателјеата на модната куќа.

Префинетата естетика во комбинација со неодоливиот избор на бои, ја прави магична оваа колекција модни додатоци што совршено ќе го комплетираат сечиј изглед.

Фантастичните нијанси на интензивна и пастелно розова, корална, моќна црвена боја, ќе го освежат вашиот летен имиџ и ќе му дадат автентичен дизајнерски печат.

Сите модели на чанти совршено се вклопуваат и во имиџот на деловните дами, па се идеален избор со кој на вашата деловна комбинација ќе ѝ дадете шармантна, женствена нота.

Независно дали вашиот избор се малите шик чанти со кружни дрвени рачки или екстравагантните чанти со отмени детали што можат да се носат и преку рамо, со секој од овие уникатни модни додатоци е акцентирана вашата индивидуалност и естетско чувство.

Објавено:
23 јули 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
686 пати