Летото допрва ќе биде во полн ек, па секојдневно слушаме совети за како да се заштитиме од жешкото сонце. 

Токму затоа, нашиот денешен предлог е трендовски качкет од Parfois, идеален моден додаток за актуелнава сезона.

Не само што ќе ве штити од сончевите зраци, туку совршено ќе ја надополни вашата модна комбинација. Со оглед на тоа дека е во беж нијанса, украсен со лента исто така во пастелна беж нијанса, ќе можете лесно да го комбинирате и со лежерни стајлинзи што подразбираат на пример шорц и маичка, но и стајлинзи што подразбираат фустанче и впечатливи обувки.

Доколку наскоро планирате да заминете на одмор или некој летен фестивал, задолжително спакувајте си еден ваков качкет!

 

 

Објавено:
28 јуни 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
665 пати