Must have: Уникатна чанта што мора да ја имате во вашата пролетна колекција

1 март 2019

Со доаѓањето на месец март, во нас веќе се разбуди креативноста што долго време ја чекавме и која ќе станува подобра со доаѓањето на новите сончеви денови.

Со креативноста, дојде и желбата за многу боја во секојдневните комбинации и стилски модни додатоци на кои конечно можеме да им го дадеме местото што го заслужуваат.

По тој повод, денеска ви претставуваме уникатна чанта која е совршен моден додаток со кој можете да ја пречекате пролетта и да ги украсите сите ваши комбинации.

Истата е изработена во три бои – темно кафена, посветла нијанса на кафена и нијанса на бела, а има и впечатливо златно ремче кое можете да го прилагодите по ваша желба.

Одлична е за бројни пригоди, можете да ја носите на работа бидејќи е доволно голема да ви ги собере основните работи, но и да ја носите за време на вечерните излегувања.

Како додаток, денеска ви предлагаме и две прекрасни алки што можете да ги носите заедно, но и одвоено, а со нив ќе ја разубавите секоја комбинација што ќе ја одберете.

Чанта: Mango

Алки: Parfois

Објавено:
1 март 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
732 пати