Must have: Впечатливи обетки за забавите што следат

17 мај 2019

Иако е речиси средина на мај, времето сè уште не нѝ дозволува целосно да уживаме во фустаните и парчињата на куси ракави, но се надеваме дека тоа наскоро ќе се смени.

Ние денеска го повикуваме летото со овие обетки во неодоливи земјени бои што можете да ги искористите во безброј стајлинзи.

Истите имаат златна основа, по што следи прекрасна форма на цвет во темно кафена нијанса со црни украси во некои делови.

Ние сакаме да ги комбинираме со стајлинзи за посебни пригоди, но доколку одберете посмирена варијанта на парчиња, тогаш без проблем можете да ги носите и на работа.

Во случајов, обетките се комбинирани со блузичка и панталони во боја на сенф, а вие можете да ги носите со фармерки и едноставна кафена маичка за дневни излегувања, или пак со некој едноставен, но впечатлив црн фустан за некоја посебна пригода.

Овие обетки и голем избор на други модели можете да најдете во продавниците на Parfois.

Модел: Тамара Петковска, Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука 

Објавено:
17 мај 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
453 пати