Смешни, ексцентрични, цветни, футуристички, чудни, дузина епитети за некои од нај необичните модели на обувки кои се последен моден крик. Тие се олицетворение на најоригиналните облици, бои и форми, некои ги критикуваат, а за некои жени се предизвик и вистински фетиш кој совршено го надополнува нивниот стил.

 

 

Ако се водите од мотото колку почудно толку поголемо внимание и фама околу вас, тогаш овие интересни модели за чевли се полн погодок.  Со потпетици или без, изработени од плексиглас, конзерви, реси, боцки, во геометриски форми и облици, со футуристички линии на силуетите и неправилна линија на рабовите. Има и такви кои личат на вселенски брод или автомобил, но има и модели кои се инспирирани од класиката и држејќи се до нејзините корени не мутирале многу.

 

 

 

Како и да е верувајте овие чевли или ќе ги обожавате или ќе сонувате да имате барем еден пар од овие „луди“ модели. Ние се потрудивме да ги издвоиме најоткачените меѓу најоткачените:

Објавено:
13 август 2013
Категорија: 
Модни додатоци