Моделот Nile на популарниот бренд Клое е најголемиот моден хит меѓу чантите за оваа пролет.

Оваа чанта беше претставена во рамките на колекцијата за сезоната пролет-лето 2017, а сега веќе поранешната креативна директорка на брендот, Клер Вејт Келер го препозна потенцијалот на овој симпатичен моден додаток, што несомнено е еден од омилените и на актуелните модни икони од уличната мода.

За време на модниот месец, додека се одржуваа модните недели низ четирите модни метрополи, Њујорк, Париз,Милано и Лондон, овие чанти што веднаш ќе ги препознаете по кружната рачка, ги носе најпознатите модни уреднички, модни блогерки и трендсетерки.

Еве како тие ги комбинираа...

 

Објавено:
20 март 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
657 пати