Влијанието на модните брендови е видливо и во уличната мода, па ако ја имаме в предвид како репер за актуелни тенденции, тогаш веќе може да прогнозираме кои ќе бидат најпопуларните модни додатоци сезонава.

Ако на социјалните мрежи ги следите највлијателните модни блогерки, кај голем дел од нив, односно во нивните комбинации, ќе забележите еден заеднички, омилен моден додаток.

Се работи за чанта, класичен модел Шанел, за чиј дизајн е карактеристично тоа што е изработена од транспарентен материјал, во пастелни нијанси.

Овој модел доаѓа и во комбинација на две или повеќе бои, па нема сомнеж дека  со изборот на овој моден додаток секоја комбинација добива предзнак – забавна.

Очигледно и оваа сезона ќе биде популарно да откриеме што носиме во чантата...

Објавено:
26 март 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
341 пати