Најпопуларните чевли на Инстаграм се дело на Џими Чу!

23 ноември 2016

Веќе знаеме дека кадифето е еден од омилените материјали на девојките оваа сезона, па нормално е дека сѐ што е направено од него да биде распродадено за кратко време.

Токму тоа е случај и со неодоливите нови чевли од работилницата на Џими Чу насловени како Mari 100 со кои Инстаграм е преплавен деновиве.

Дека станува збор за модел кој ќе владее оваа сезона сведочат и бројните модни блогерки кои постојано објавуваат комбинации кои ги украсуваат токму со овој модел чевли.

Салонките Mari се изработени од висококвалитетно кадифе во боја на вино, класична црна и интересна кафена со примеси на темно зелена како совршена за есента.

Дизајнерот ќе го опише овој модел како кадифени чизмички во два дела инспирирани од милитари трендот кои ќе бидат и повеќе од потребни во секоја комбинација.

Чевлите имаат и врвки кои се вистински хит сезонава, а потпетицата им е висока околу 10 сантиметри.

Девојките обожаваат да ги носат со шик фармерки и топли џемперчиња и долги капути, но тие одлично ќе изгледаат и доколку ги вметнете во некоја поелегантна комбинација.

Во галеријата погледнете ги најдобрите комбинации со овој модел досега, во исчекување на уште многу стилски.

Објавено:
23 ноември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.107 пати
Извор: 
journal