Најпопуларните чевли на потпетици за овој период од годината

12 декември 2017

Светкави, дезенирани, невообичаени, декорирани со впечатливи детали – таков е впечатокот за празничното расположение кога се во прашање чевлите на потпетици.

Со оглед на тоа дека облеката овој период од годината ја бираме во знакот на празничните забави, чевлите несомнено ја следат во чекор.

Па со оглед на тоа дека актуелни се светкавите материјали, кадифето, деталите во металик бои, воопшто не е за изненадување тоа што оваа естетика се пресликува и на обувките.

Во галеријата во продолжение издвојуваме неколку впечатливи пара чевли на потпетици меѓу кои можеби ќе го најдете и вашиот фаворит.

 

Објавено:
12 декември 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
5.255 пати