Најпопуларните дизајнерски патики од новите пролетни колекции

1 февруари 2016

Оваа пролет дизајнерите размислуваа минималистички кога ги креираа новите модели на патики.
Најголем дел од моделите се базираат на изгледот на култниот модел „Stan Smith" на спортскиот бренд Адидас.

Таков минималистички пристап се препознава кај пролетните линии на Живанши, Сен Лоран и Монклер. Познатата француска дизајнерка Изабел Марант дури доби и тужба од Адидас поради сличноста на моделот.

Во нејзината нова колекција патики, Марант се врати на корените и креираше ниска верзија на популарниот модел „Bobby".

Секогаш луксузниот Том Форд предлага модели во чија изработка е користено кадифе и тоа од рубин црвена до смарагдно зелена боја.

Акне пак се осврна на модели во боите на познатите PEZ бонбони украсени со метални копчиња, а Стела Мекартни пак во нејзините модели го имплементираше трендот на колор блок комбинации.

 

Објавено:
1 февруари 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
578 пати