Започнаа новогодишните сумирања и одбројувања. Според податоците од пребарувачот „Гугл“, алката Cartier Love Bangle е најпребаруваното парче накит во светот – секој месец преку 350.000 пребарувања.

Второто место е резервирано за свршеничкиот прстен од „Tiffany&Co.“, а третото е за ѓерданот во форма на срце од истиот бренд.

Кристалните „Сваровски“ обетки се на четвртото место.

Инаку, најпопуларната алка беше вистински хит и помеѓу познатите, па Џенифер Анистон, Џулијан Мур и Сара Џесика Паркер беа само дел од ѕвездите што често ја носеа.

За популарноста на ова парче секако придонесе и Кајли Џенер, која носеше сет од дури шест такви парчиња. За потсетување, цената се движи од 4.500 долари, па сè до преку 16.000 долари, во зависност од материјалот од кој е изработена и моделот. Има и такви модели од оваа колекција, што се во комбинација со скапоцени камења, па нивната цена изнесува и преку 55.000 долари.

Инаку, според „Гугл“ пребарувањата, најпопуларен бренд за накит е „Пандора“, па „Tiffany&Co.“, а потоа „Картие“.

Објавено:
29 ноември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.671 пати
Извор: 
Harper's Bazaar