Доколку до сега купените продукти сте ги носеле во обична платнена или пластична кеса , сигурно би биле воодушевени од новата шопинг чанта на Ања Хајндмарч, чија цена изнесува ни помалку, ни повеќе, туку – 2. 500 фунти!

Причината за вртоглаво високата цена е тоа што чантата е изработена од кожа од питон. Модниот додаток „Happy Shopper “е во бела нијанса со жолто смајли, а по формата воопшто не се разликува од стандардните кеси, кои се носат при пазарење.

При лансирањето на оваа чанта, дизајнерката изјави дека сака да прави трансформација на банални работи и дека токму кесите и се виделе како интересен предизвик. Цената предизвика голем број реакции, но фактот дека трендсетерките веќе добро ја промовираат чантата на улиците на модните метрополи е добар знак за успехот на овој проект.

Објавено:
19 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци