Модната куќа Селин неколку години наназад е една од најпопуларните и најобожуваните во светот кога станува збор за тренди парчињата.

Од 2011 – тата па сѐ до 2013 – тата година, моделите „Luggage Tote“ и „Trapeze Bag“ рушеа рекорди низ светот, а за некои модели дури постоеше и листа на чекање од неколку месеци.

Популарните Селин чанти се продаваат и денеска со истиот интензитет, а неодамна модната куќа лансираше и нова колекција со совршени модели кои ќе бидат вистински хит оваа есен.

Покрај најпознатите модели, тимот дизајнери од модната куќа создаде и некои нови модели во фантастични нијанси кои ќе бидат вистинско освежување во вашите есенски и зимски комбинации.

Како и секогаш, така и во оваа колекција, сите модели имаат совршено чисти и едноставни линии, направени се од висококвалитетни материјали, украсени со интересни рачки, уникатни закопчувања и бои во кои ќе се заљубите.

Во галеријата погоре погледнете ги сите нови модели од есенската колекција на Селин.

Објавено:
24 август 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.112 пати