Омилените топли денови се како создадени за носење прекрасни чевли во кои ќе се чувствувате удобно при извршување на обврските.

Доколку вашата работа секогаш подразбира деловен изглед, тогаш мора да ги најдете соодветните чевли што ќе одговараат на комбинацијата.

Едноставните и елегантни чевли со висока потпетица со години беа дел од деловниот изглед на дамите, но ова лето се враќаме на нешто сосема ретро и пред сè, удобно.

Чевлите и оваа сезона се супер елегантни, но со пониска и постабилна потпетица, а сепак толку стилска.

Сандалите со отворена пета и балетанките со интересен дезен повторно се вистински хит и се одлични за да го надополните класичниот изглед.

Носете ги со фустани, панталони со висок струк и бели кошули, широки здолништа, женски костими и што и да посакате.

Во галеријата, погледнете ги моделите кои важат за најпосакувани сезонава и одберете го вашиот фаворит.

Објавено:
14 мај 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.124 пати