Во време кога има огромен избор на модни додатоци за сите вкусови, потребно е нешто што ќе ве издвои од толпата.

Овие украси за коса се токму она што ви е потребно за ова лето, а истите ќе ги сместите буквално во секоја комбинација.

Зад оваа колекција модни додатоци стои креативната Стефани Канделарија, американска студентка која е вљубена во уметноста, а веќе на 15 години започнала да изработува совршени парчиња накит.

Со текот на времето, таа го проширила својот бизнис, по што следело и отворањето на Инстаграм профил каде за многу кратко време добила огромен број следбеници меѓу кои и манекенката Кендис Сванпул.

Таа била воодушевена од накитот што го изработувала Стефани, а откако на нејзиниот Инстаграм профил споделила фотографија на која носи накит од брендот, популарноста на младата студентка уште толку пораснала.

Украсите за коса кои ги носела манекенката се распродале за многу кратко време, по што Стефани и нејзиниот бренд Yuvā Kalā станаа едни од најпопуларните на Инстаграм.

Имено, станува збор за украси во облик на полумесечина, дополнети со приврзоци од кристали, аметист и други видови камења.

Секој еден од украсите има специфична боја, а во комбинација со златната полумесечина, тие се најубавите украси што може да ги посакате ова лето.

Ви се допаѓаат ли?

Извор: Journal.hr

Објавено:
29 јули 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.564 пати