Во тек е њујоршката модна недела каде светските дизајнери ги претставуваат своите најнови колекции за следната сезона, а подеднакво фасцинантни се и комбинациите што девојките ги носат низ улиците.

Покрај комбинациите, низ прекрасниот Њујорк одличен впечаток остави и накитот кој познатите девојки го одбраа за да ги зачинат стајлинзите.

Кога е во прашање облеката и накитот, женственоста е на пиедестал за следната сезона. Со украсите за коса, раскошните обетки, бисерите, дијамантите и што уште не, дизајнерите потврдија дека романтичарките најмногу ќе и се израдуваат на следната сезона.

Како дизајнерите, така и девојките кои беа дел од њујоршката модна недела ја слават софистицираноста, па сведоци сме на уникатни и впечатливи парчиња претежно во сребрени и златни нијанси кои се секогаш едни од најомилените.

Познатите трендсетерки сѐ уште го носат популарното choker ланче во различни варијанти, долги и едноставни ланчиња, како и големи обетки во интересни форми за кои многумина ќе кажат дека ќе бидат најпосакуваните парчиња накит оваа и следната сезона.

 

Објавено:
16 септември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.433 пати