Инстаграм е „преплавен" со фотографии на кои познатите модни блогерки објавуваат комбинации со акцент на накитот. На нивните милиони следбеници, сигурно не им недостасува инспирација кога е во прашање комбинирањето на различни парчиња накит, со оглед на тоа дека имаат одлични примери на оваа социјална мрежа.

Ако некои модни блогерки на своите блогови ја откриваат комплетната слика за нивниот стил, има и такви кои единствено се посветени на аксесоарите или како тие ги имплементираат накитот, чантите или чевлите во нивната комплетна стилска слика.

Според тоа што во моментов е актуелно на Инстаграм во однос на ова прашање, може да заклучиме дека најпопуларни се оние комбинации на рачни часовници со многу алки и прстени, најчесто во сребрена или златна варијанта. Масивните ѓердани пак, никогаш не губат од својата популарност и секогаш се добредојдени во оние минималистички комбинации што вклучуваат едноставна црна ролка и џинс. Кожените нараквици, нитните или нежните ланчиња со повеќе приверзоци исто така се дел од трендовските комбинации на модните блогерки. Ни претстои сезона во која актуелни ќе бидат и дезенираните шалови, зимските шешири и кожените ракавици, а модните блогерки веќе сигурно ги имаат смислено и комбинациите што ги вклучуваат овие зимски модни додатоци.

Во продолжение издвоивме неколку популарни миксови...

Објавено:
28 септември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.128 пати