Накитот од Oxette во фокусот на современите дами

21 јануари 2015

Светскиот бренд за накит Oxette секоја сезона своите верни љубители ги радува со лансирање на нови колекции во кои очигледна е големата посветеност на тимот.

Во колекциите се содржани уникатни парчиња што ги задоволуваат потребите на таргетираната публика која се движи во стилски рамки на елеганција, висока мода и бизнис кежуал.

Дека накитот за чија изработка во секоја колекција се користат висококвалитетни материјали како што се сребро 925, позлата, скапоцени и природни камења заедно со современи материјали сѐ повеќе ги освојува дамите низ светот, но и во Македонија, говори и фактот дека на нашите улици секојдневно може да сретнете дами кои својот изглед го дополнуваат со несекојдневните форми на накит и часовници од Oxette.

Во следната галерија погледнете ги прекрасните парчиња накит од Oxette и Loisir, совршени за секоја современа дама.

Продавниците на Oxette во Македонија се наоѓаат во ГТЦ и Скопје Cити Мол.

Спонзорирана објава 
Објавено:
21 јануари 2015
Категорија: 
Модни додатоци