Оваа есен ќе носиме накит чиј дизајн ќе биде микс од различни декади и ретро трендови редизајнирани во современи, шик парчиња.

Од 80-те позајмена е инспирацијата за масивните кружни обетки во различни варијанти, а 90-те пак повторно ќе бидат присутни преку деликатните чокери кои никако не ги ставаме на пауза.

Масивните обетки со реси ќе ги носиме во свечени пригоди во комбинација со макси тоалети или коктел фустани, а додека трае сезоната на отворени сандали, глуждовите ќе ги украсуваме со алки со приверзоци.

Како интересен тренд се најавува и модифицираната верзија на елегантните бисерни ѓердани, што сега се комбинирани со сатенски ленти, реси, панделки и други додатоци и приверзоци.

Фото извор: popsugar.com

Објавено:
28 јули 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
549 пати