Направи сам: облечете ги перничињата со џемпер

11 ноември 2014

Најпријатниот простор каде сите се чувствуваме свои на своето -е домот. Оваа студена сезона дополнитетло „стоплете“ ја енергијата и атмосферата од дневниот простор,  со тоа што на декоративните перчичиња ќе им дадете поинакoв изглед. Секоја зима гардероберот го подновуваме со нови џемпери, а старите ги подзабораваме. За да не останат без никаква намена, пробајте да ги „облечете“ на перничињата од домашната софа.

Нема да ви биде потребно сечење со ножици и шиење со конц, но доколку сакате истите да изгледаат како купени од продавница, тогаш можете да си поиграте со креативноста и да ги доукрасите и направите уште поинтересни. Одлично изгледаат и таквите кога џемперот на раскопчување со копчиња, ќе го поставите од предната страна на перницата, а ракавите ќе ги вовлечете во внатрешноста. Пробајте!

Објавено:
11 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци