Неконвенционалното лице на безвременските црни салонки

9 октомври 2018

Меѓу базичните парчиња во плакарот на секоја жена се безвременските црни салонки, што важат за класичен моден додаток што може да ни „спаси" ситуација во различни прилики.

Затоа за овој пар чевли не важат ниту сезони ниту тенденции.

Но, инспирирани од нивниот култен статус, дизајнери од различни модни брендови, секоја сезона креираат ново, неконвенцилнално лице на класичните црни салонки. Па така сега има бројни и не така класични верзии на омилените црни салонки.

Основата е иста, но деталите го прават дизајнот различен. Дизајнерите често знаат да си поиграат со комбинацијата на дезени и материјали, па меѓу популарните „некласични" салонки се оние со метален шпиц, оние со комбинација на мат и лакиран материјал, како и транспарентните салонки изработени од PVC и моделите со апликации.

 

Објавено:
9 октомври 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.034 пати
Тагови: 
салонки