Независно дали сте љубител на удобни чевли со ниска или екстравагнатни чевли на висока потпетица, оваа сезона изборот ќе биде неодолив.

Познатата реченица на Викторија Бекам, „Не можам да размислувам во ниски чевли", духовито и метафорично ни ја пренесува силната релација меѓу жените и нивните чевли, и колку во суштина добриот избор на чевли има значајно влијание во комплетниот изглед.

А оваа пролет „high street" брендовите се потрудија да ни создадат „слатки главоболки" со оглед на тоа дека во својата понуда вклучија идеални модели на чевли во сите варијанти: на ниска и суптилна потпетица, на тенка и висока потпетица, на платформи, со панделки или со везени мотиви.

Колор блок чевлите во комбинација на две или три бои, и оваа пролет ќе бидат хит, а често ќе ги гледаме по улиците и балетанките со шпицест врв.

Направивме избор на неколку популарни модели што годинава ќе владеат на модните улици.

 

Објавено:
19 февруари 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.943 пати