Ники Минаж носи фантастичен накит од српскиот бренд „Demode“

21 март 2017

Доколку сте обожавателка на накит, тогаш голема е веројатноста дека сте запознаени со работата на еден од најпознатите балкански дизајнери Борис Карготиќ и неговиот бренд „Demode Jewelry“.

Во неговата креативна работилница во Белград рачно се изработуваат фантастични парчиња накит, а благодарение на неговата упорност и уникатност, неодамна една позната музичка дива ја препозна фантастичната работа на брендот.

Станува збор за единствената Ники Минаж која деновиве го прославува рекордот што го постави за 76 од 100 популарни песни на Билборд топ листата, нешто што досега и успеа само на Арета Френклин која имаше вкупно 73 песни.

Неодамна на својот Инстаграм профил таа објави кусо видео на кое можеме да ја видиме како ја интерпретира популарната песна „It's All Coming Back To Me Now“ од дивата Селин Дион, како и секогаш, облечена во секси комбинација.

Она што беше посебно овој пат е тоа што таа носеше фантастично рачно изработено парче токму од колекцијата на српскиот дизајнер, комбинирано со градник кој исто така е изработен во неговото студио.

Таа се „пофали“ со парчињата на Инстаграм каде доби позитивни критики за изработката на овој навистина посебен накит.

Дека е голем фан на брендот таа докажа и со другиот избор на накит од Demode, односно рачно изработеното парче за на глава што таа го носеше на снимањето на новиот видео спот деновиве во Лондон.

Инаку, Борис Карготиќ и неговото Demode студио се едни од најпопуларните на Балканот кога станува збор за накит, а неговите парчиња ги носат и ги обожаваат голем број на ѕвезди.

Објавено:
21 март 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
600 пати