Нов тренди модел на омилените чизми: Романтични „Мартинки“

1 февруари 2020

Чизмите кои во почетокот ги носеа поштарите и работниците во фабрика и чија цена изнесувала две фунти, денеска се едни од најпопуларните, а цената веќе одамна е повисока од почетната.

Но, речиси и да нема некој што не би сакал да ги има култините „Др.Мартинс" чизми, или како што популарно се нерекуваат „Мартинки"

Пресвртот се случува во 70-тите години од минатиот вик, кога стануваат симбол на самоизразување и омилените обувки на панкерите.

Оттогаш до сега, благодарение на влијанието на модата, дизајнерите, од класичниот црн модел, произлегоа и многу други весели модели, кои го привлекуваа вниманието не само на панкерите, туку и на сите останати, па станаа незаменлив дел од уличната мода.

Така, британскиот бренд одлучи овој пат да направи нов модел, наречен „1460 Pascal Wild Hears“, украсен со бели и црни срциња. 

Сигурни сме дека овој модел ќе им се допадне на многумина кои ќе ги искомбинираат со комбинации во различен моден израз, бидејќи совршено се вклопуваат и со џинс, фустани, здолништа...

Како што може да се види на страната на брендот за Европа, цената на чизмите изнесува 190 евра, а со истиот принт се направени и чевли, чија цена пак е 170 долари.

Ви се допаѓа ли новиот модел?

Објавено:
1 февруари 2020
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.098 пати