Торба во форма на вреќа е новиот хит помеѓу чантите оваа сезона.

Интересно е што голем дел од светските дизајнери во своите последни колекции понудија токму ваква варијанта на моден додаток, најчесто комбинирана со уште една чанта.

Модниот двоец Долче и Габана и познатиот бренд Мезон Марџела креираа „Bag bag" торби изработени од свила и од транспарентен PVC, а Луј Витон својата верзија на популарниот модел, ја изработи од кожа, во монохроматски варијанти, се разбира со приврзок со познатиот монограм на брендот.

Стела Мекартни креираше чанта во форма на мини вреќа украсена со позлатени синџирчиња, додека Келвин Клајн за својот дизајн одбра флорален принт.

 Кој е вашиот омилен модел?

Објавено:
25 мај 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
630 пати