Дизајнерот на чевли Маноло Бланик оствари нова соработка и тоа со луксузната, модна онлајн платформата Farfetch, а резултатот беше презентиран неодамна.

За да се најави доаѓањето на уште еден голем моден бренд на платформата, изработена е посебна колекција, идеална за претстојната летна сезона.

Се работи за еден модел на чевли, наменети за модерните и соверемени жени, кои доаѓаат во пет бои, со цел да се опфатат различните сензибилитети и тоа розова за „The Romantic One“, беж за „The Playful One“, црни за „The Mysterious One“, бели за „The Modernist One“ и портокалови за „The Wild One“.

-За дизајнот се инспирирав од уметникот Марк Ротко (апстрактен експресионизам), кој е познат по неговите фамозни колор блок комбинации – вели Бланик.

Задоволството од соработката не го крие ниту тимот на онлајн платформата, посочувајќи дека ова се вистинските чевли за првите чекори во пролетта.

Објавено:
9 март 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
476 пати