Нова колекција на Bugatti во „Пеко“ – совршен избор за секој модерен маж

4 октомври 2018

Брендот „Пеко“ и оваа есен се потруди да ги задоволи сите потреби на потрошувачите кога се квалитетните обувки во прашање.

Овој пат фокусот го ставаме на машките обувки. Како застапници на брендот Bugatti, во „Пеко“ ќе ја најдете најновата понуда за актуелната сезона.

Колекцијата е составена од обувки за секоја пригода. Од спортски модели до глужд, преку поелегантни получизми, па сè до чевли со елегантна нота, понудата на Bugatti содржи сè што му е потребно на еден современ маж.

Кафените нијанси доминираат, како и класичната црна, а поради современиот дизајн, во кој е споена и безвремената класика, идеален избор се за сите генерации.

Сепак, сините нијанси на чевли се нешто што од Bugatti го издвојуваат како посебен тренд оваа есен. Совршено се комбинираат со одела од твид, одела во сини нијанси (од посветли до потемни), како и оние во маслинести нијанси.

Ако зборуваме за квалитетот, тој несомнено е константа. За тоа зборува и историјата на брендот „Bugatti“.

Во 1947 година Фредерих Вилхелм Бринкман во Лене, Германија основа продавница за деловна облека за мажи и жени. Успех постигнува уште со првата колекција на палта и панталони, која ја лансира една година подоцна. Тоа придонесува за пораст на компанијата во секоја смисла. Набрзо компанијата се сели во Херфорд, каде е и денес.

„Bugatti“ е основан во 1978 година, а шест години подоцна излегува нивната прва реклама, со која потрошувачите и се запознаваат со брендот. Во 1986 година, ја остварува првата соработка со Gore-Tex, а во 1991 година, брендот се шири на странскиот пазар, кога всушност добиваат и лиценца за создавање чевли, од висококвалитетна кожа.

Меѓутоа, квалитетни обувки, особено ако се кожени како во случајов, бараат и соодветна нега.

„Пеко“ во својата понуда има и средства за соодветна нега на обувките од кожа. Квалитетот и задоволни клиенти се нештата што ги обединуваат и двата бренда, а во тој контекст во продолжение следат и неколку совети за тоа како да ги негувате кожените обувки од „Пеко“.

*Кога ќе купите кожени чевли, прво нешто што треба да го направите е врз нив да нанесете водоотпорен спреј, кој ќе придонесе за подолга трајност на обувките. Тие ги заштитуваат од нечистотија и влага. Спрејот се нанесува на сите делови од чевлите, вклучувајќи ги и потпетиците.

*Кожените чевли се чистат најубаво со четка од коњско влако.

*При облекување на кожени чевли секогаш користете лажица. Несоодветното облекување и соблекување на чевлите може да предизвика пукање на кожата, линии и оштетување. Никогаш не соблекувајте ги чевлите така што потпетицата на едниоот чевел ќе ја ставите пред предниот дел на другиот и на тој начин ќе се „потпомогнете“, ама и ќе ги оштетите чевлите.

*Кожените обувки не носете ги неколку дена по ред. Дајте ѝ малку простор и на таа кожа да дише, а на тој начин ја одржувате и формата на чевлите здрава.

*Флеките од вода или снег од кожените чевли можете да ги исчистите со млеко. На памучно крпче ставете неколку капки млеко и поминете на критичните места. Исто така, во предвид доаѓаат и излупен компир, лимон или свежо исечен кромид. Но, после ваков третман, чевлите обврзно исчистете ги со соодветна крема и спреј.

*Мокрите кожени чевли никогаш не сушете ги со фен. Обложете ги внимателно со хартија за да впијат влага.

 

И со оваа колекција „Пеко“ уште еднаш покажува дека е бренд за сите генерации!

 

*спонзорирана објава

Објавено:
4 октомври 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.585 пати