Дизајнирана е „паметна“ машка алка што ги брои потрошените калории, чекорите до одредено место, самостојно се поврзува со компјутерски системи, а може и да нарача пијалак во клуб или ресторан. Оваа ексклузивна алка е дизајн на бренд за производство на луксузен накит од Мајами, Christophe&Co, во соработка со италијанската дизајнерска куќа Pininfarina, која всушност го создава дизајнот на автомобилот Ферари. Инаку, оваа паметна алка чини речиси колку овој луксузен автомобил или 189 илјади долари.

Алката ќе може да се синхронизира со паметни телефони и користи кинетичка енергија за батериите постојано да и бидат полни. Сензорите и внатрешната технологија се модуларни. Засега, компаниите што ја произведуваат не се подготвени да објават фотографија од прототипот, но се надеваат дека сопствениците на Ферари ќе бидат меѓу првите што ќе сакаат да ја имаат на рака.

 

Објавено:
8 јануари 2014
Категорија: 
Модни додатоци