Меѓу омилените урбани очила за сонце се оние со потписот на Ray-Ban кои важат за култни во своите редови.

За претстојната сезона овој бренд лансираше два нови модели: едниот е ново видување на популарните „авијатичарки", а другиот е реинтерпретација на безвременската класика.

The General е првиот модел што во секој поглед е бескомпромисен и посебен, со рамки во војнички стил. Потсетува на оригиналниот модел авијатичарки, а сепак е посебен и со свој печат, достапен во неколку бои.

Вториот модел ќе ги воодушеви сите љубители на ретро изгледот, бидејќи се совршен спој на иновативниот дизајн и високоестетска реинтерпретација на класичните модели.

 

Објавено:
3 март 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
751 пати