Португалскиот моден бренд Parfois го претстави новиот концепт на кампањата за есен-зима 2016/2017 година.

Со истата сака да претстави една поинаква домашна атмосфера и да покаже како е можно да се чувствувате како дома дури и кога сте на непознато место.

Ѕвезда на кампањата е полскиот модел Марија Локс, а истата е снимена во една зграда во Барселона која ја дизајнираше познатиот постмодерен архитект Рикардо Бофил.

Кампањата ја направи познатиот фотограф Родриго Кармуега, а на фотографиите ќе видите совршени линии и бои на делови од зградата каде истата е снимена.

Низ целата кампања се провлекуваа и фантастичните есенски нијанси во домувањето кои ќе бидат тренд следната сезона, а што се однесува до накитот, како и секогаш, истиот е беспрекорен.

Брендот понуди модерни и шик чанти во неколку бои, фантастични есенски алки, ланчиња во златна нијанса, уникатни обетки, шапки, часовници и што уште не.

Целата кампања погледнете ја во галеријата подолу...

Објавено:
15 август 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.863 пати