Нови начини како да ги носиме омилените марами летово

27 јуни 2019

Како и секое лето, марамите се едни од омилените модни додатоци, па секогаш бараме нов начин како да ги носиме.

Ова лето, начините за носење марами се неисцрпни, почнувајќи од стандардните врзувања на глава, рака, како украс на чантите и како уште не.

Во екот на летото, денеска ви предлагаме неколку начини како да ја носите вашата омилена свилена марама!

1.Околу пунџата или репчето

Ако ви треба нешто за да ѝ дадете нова димензија на вашата фризура, тогаш тенката свилена марама врзете ја околу репчето или пунџата.

2.Околу главата

Од вашата стара марама направете турбан или трака за коса, а на плажа, можете да ја носите и на чело за шик изглед.

3.За кратка коса

Кратката коса многупати знае да биде проблематична особено кога сакате да ја стилизирате или украсите со моден додаток. Оваа девојка ќе ви помогне во тоа!

4.Околу вратот

Иако има голем број начини како да врзете марама околу вратот, без разлика каква и да е комбинацијата што ја носите, никогаш нема да погрешите со едноставното врзување со акцент на врвовите.

5.Околу рачките на вашата торба

Дајте ѝ нов изглед на вашата торба со тоа што ќе ги обвиткате рачките со некоја марама по ваш избор, особено на сламената торба за на плажа.

6.Долгите марами можат да ви послужат како кимоно

Носете ги долгите марами како маички за на плажа, а доколку ви треба инспирација за тоа како можете да ги врзете, погледнете во продолжение.

Инфо и фото: Zena.rtl.hr

Објавено:
27 јуни 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.932 пати