Новите мокасинки што ќе ги носиме сезонава

5 септември 2017

Оваа „преодна" сезона е идеален период за еден пар чевли – мокасинки.

Меѓу фаворитите од големиот избор ќе бидат оние украсени со бисери, крзно и пердуви или декорирани со везови и апликации.

Кадифето ќе биде еден од доминантните материјали кога мокасинките се во прашање и тоа во широк дијапазон на бои.

Металик нијансите, особено сребрената, ќе останат популарни исто како и претходната сезона, па нема да згрешите ако си набавите токму еден таков пар.

Доколку преферирате монохроматски и минималистички аутфити, тогаш едноставниот изглед идеално може да го надополните и да му дадете печат со мокасинки со интересен принт или во интензивна боја како црвена или портокалова.

Во галеријата издвоивме дел од изборот што го нудат луксузните и „high street" брендовите.

 

Објавено:
5 септември 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.059 пати