Новите омилени чанти на девојките се дело на Pop & Suki

4 ноември 2016

Доколку оваа сезона ви требаше вистинската чанта со најслатките натписи на светот, тогаш ова е текст за вас.

Манекенката и актерка Суки Ватерхаус заедно со нејзината пријателка Попи Џејми неодамна го лансираа брендот Pop & Suki каде ќе ги најдете најслатките модни додатоци што биле изработени во последно време.

 Имено, тие дефинитивно се најпознати по нивните слатки модели на чанти кои навидум се многу едноставни, но одоздола тие им ги испишуваат имињата на клиентките кои ги порачуваат истите.

Со оглед на тоа што досега нивните чанти веќе ги носат девојки како Лејди Гага, Кара Делевињ, Луси Хејл и ПопиДелевињ, нема сомнение дека истите ќе доживеат огромен успех.

Покрај чантите, нивниот бренд нуди кожени алки, разни ѓердани и приврзоци кои се совршен пар на чантите.

Нивните популарни торби доаѓаат во три бои – црна, розова и прекрасна кафена која е како создадена за есенските денови.

Двете пријателки ќе кажат дека нивниот омилен модел е чантата во кафена боја која е идеална за оваа сезона бидејќи совршено се согласува со темните нијанси кои сакаме да ги носиме во есен.

Објавено:
4 ноември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
360 пати