Веројатно и досега сте забележале барем една девојка со впечатлива шнола во косата, а на овој тренд допрва ќе му се радуваме со првите пролетни зраци.

Иако сè уште е зима, тоа не значи дека не треба да ги пронајдеме најубавите аксесоари со кои ќе блеснеме во деновите од омилената сезона.

Она што е супер кај овие модни додатоци е тоа што ѝ прилегаат на секоја боја на косата, па дури и на секоја должина, а сигурни сме дека ќе го најдете вашиот фаворит во првата продавница за накит.

Овие шноли ќе бидат ваш сојузник во сите оние денови кога косата не ви изгледа добро, а ќе можете да ја украсите со само еден потег.

Девојките ги обожаваат веќе одреден период, а се чини дека нивни омилени се оние украсени со бисери или пак моделите во интересна форма со впечатлив принт.

Едноставните фризури кои стануваат сè попопуларни секогаш бараат нешто што ќе ги истакне дополнително, па ова е совршениот начин да го сторите тоа.

Ако веќе имате некоја шнола од минатото во вашата кутија за накит тогаш искористете ја, а доколку немате, можете да си купите во најблиската продавница за накит.

Дотогаш, погледнете ги најубавите модели за претстојната сезона во галеријата.

Инфо и фото: Fashion.hr

Објавено:
26 февруари 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
698 пати