Обожуваме да ги носиме – еспадрили на платформа

30 јуни 2017

Помеѓу различните интерпретации на еден од најпопуларните модели обувки оваа сезона – еспадрилите, се и оние на високи платформи што важат за едни од омилените.

Ова се обувки што може да ги носиме од утро до вечер и тоа е уште една причина плус за нивната популарност.

Разгледувајќи ги галериите со фотографии на познатите модни блогерки и икони на стилот, може да резимираме дека постојат навистина инвентивни и супер инспиративни начини како да ги комбинирате во вашите секојдневни аутфити.

Може да ги носите и на плажа, со бохо лелеав фустан или на работа со комбинезон или здолниште со маичка.

Свои верзии на еспадрилите на платформа имаат голем дел од луксузните брендови и речиси сите „high street" етикети.

Еве дел од понудата:

Фото извор: Pinterest

 

Објавено:
30 јуни 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
971 пати