Колекцијата пролет/лето 2016 на италијанскиот бренд Geox доаѓа со специјална нова линија на уште поусовршена технологија, која овозможува лесен од, налик на чекор по облаците.

Направена за оние кои се движат низ животот со незапирлива енергија, со дополнителен систем на дишење, линијата Nebula обезбедува удобност и регулација на температурата без разлика на сезоната.
Таа претставува еволуција на концептот на Geox, благодарение на новиот мрежест, внатрешен систем, кој овозможува стопалата да дишат во сите правци. Дополнително, новиот ѓон на овие обувки се карактеризира со флексибилност, мекост и стабилност. Ѓонот е дизајниран да ги следи природните точки на контакт на стопалата, а е направен од материјали кои овозможуваат леснотија во активните и исполнети денови. Сето ова е дополнето и со водоотпорноста на чевлите за уште полесно секојдневно функционирање во секакви временски услови.


Дизајнот на новите обувки од Geox е современ и софистициран, а асоцира на динамичноста на модерното секојдневие. Обувките од колекцијата за жени и мажи доаѓаат во повеќе бои, така што нивното комбинирањето е лесен и забавен процес.
Линијата Geox Nebula со своите уникатни карактеристики и впечатлив изглед е дефинитивно нов "must-have" тренд за сезоната пролет/лето 2016.

 

Објавено:
5 февруари 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
370 пати
Тагови: 
Geox патики Nebula