Оливија Палермо дизајнираше кул винтиџ накит

30 септември 2015

Една од највлијателните модни блогерки која ужива статус на светска ѕвезда, Оливија Палермо дизајнираше своја линија накит во соработка со брендот BaubleBar.

Пренесувајќи дел од нејзиниот карактер во дизајнот и формите, накитот добива конотација во која се спојуваат ретро изгледот и гламурот.

Накитот  претежно е во златна и сребрена боја, облагороден со украсни камења и бисери имплементирани во флоралните композиции, а вклучува ѓердани, нараквици, обетки, брошеви и прстени.

И секако, кој друг би го рекламирал ако не самата Оливија Палермо која изгледа фантастично на фотографиите, облечена во романтични фустани и топли ролки.

Објавено:
30 септември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.473 пати